Aлонсо ќе вози на Дакар рели

Фернандо Алонсо се повлече од Формула 1 во 2018 година со намера да ја освои тројната круна во мотоспортот. По две шампионски титули во најбрзиот циркуз на светот, Шпанецот го освои и 24-часовниот Ле Ман, а сега одлучи да се проба и во пустинската рели трка Дакар.

Алонсо го потврди своето учество на Дакар рели кое стартува од 5 јануари 2020 година, а копилот ќе му биде Марк Кома, петкратниот шампион во категоријата со мотоцикли. Алонсо ќе вози за тимот на Тојота, со кого го освои Ле Ман.

Инаку, Дакар рели по 11 години се сели од Јужна Африка, а новото издание ќе се одржи во Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести