Алонсо му се налути на Хамилтон: Тој идиот знае да вози само кога е прв и нема никој пред него

Првиот круг од трката на Спа за Големата награда на Белгија, донесе судар на поранешните шампиони Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон, а пилотот на Мерцедес го извлече подебелиот крај, бидејќи за него заврши трката уште во првиот круг, додека Алонсо продолжи.

Шпанецот му се налути на Хамилтон со кого беа тимски колеги во 2007 година, за обидот да го претекне од надворешната страна.

„Каков идиот. Не смееше да ме затвори од надворешната страна. Имавме супер старт, но овој лик знае да вози само кога е прв и нема никој пред него“ – им рече Алонсо на своите во тимот Алпајн.

- Оглас -

Најнови вести