Алонсо верува дека Астон Мартин ќе се бори за титула во Формула 1 во 2026 година

Викендов низ улиците на Монте Карло ќе се вози атрактивната Формула 1 трка за Големата награда на Монако, а деновиве во фокусот е објавата дека Хонда од 2026 година ќе почне соработка со тимот Астон Мартин.

Хонда до 2025 година со свои мотори ќе го снабдува Ред Бул, тим кој е неприкосновен годинава, а и лани беше убедливо најбрз.

Ветеранот Фернандо Алонсо, кој вози за Астон Мартин, годинава е при врвот, но никогаш на самиот врв. Тој верува дека тимот може да се бори за победи и титула и пред почетокот на партнерството со Хонда.

„Со новите правила за истовремен развој на моторот и шасијата, кои ќе стапат на сила во 2026, ќе имаме предност и шанса да се бориме за титулата. Но, тоа не значи дека Астон Мартин нема да може да се бори за титула и пред 2026 година“, порача Алонсо.

До крајот на 2025 година, Астон Мартин ќе користи мотор на Мерцедес, како што тоа го прави уште од 2009 година, кога тимот уште го носеше името Форс Индија.

- Оглас -

Најнови вести