Дани Алвес доби „корпа“ од Специја

Дани Алвес во речиси 20-годишната кариера стана најтрофејниот фудбалер во историјата со повеќе од 40 освоени трофеи. Иако има 39 години, Алвес не сака да се откаже од активното играње. Во сезоната која измина, повторно го носеше дресот на Барселона, но од каталонскиот клуб му се заблагодарија и нема да му ја продолжат соработката.

Бразилецот решил преку електронска пошта сам да се понуди на италијанскиот калчолигаш Специја. Иако се работи за фудбалер кој има три титули во Лигата на шампионите, два трофеи во Копа Америка и е освојувач на сите највредни пехари во светот на фудбалот, челниците на Специја решија да го „откачат“ Алвес.

Во образложението зошто Алвес не е добар за нивниот тим е наведено дека тој е премногу стар и дека едноставно не им е потребен играч од таков профил. Со оваа одлука, Специја реши да му даде „корпа“ на фудбалер каков што досега никогаш немале во своите редови.

- Оглас -

Најнови вести