Бајка: ланскиот второлигаш Тун е нов шампион на Швајцарија, прва титула во 128 години постоење

„Швајцарскиот Лестер“, како што ја нарекуваат екипата на Тун поради сличноста на тоа што го направија сезонава со чудото на Лестер пред десет години кога стана првак на Премиер лигата, ја дочека својата прва титула во 128 години постоење.

Тун лани беше првак во втората швајцарска лига и немаше преголеми амбиции кога влезе во елитното друштво, цел им беше да опстанат. Но, како почнаа да бележат добри резултати, така бајката стануваше реалност. Имаа шанса да станат прваци и порано, но загубија во претходните две кола. Сепак, попладнево Сент Гален беше поразен од Сион и сега на три кола до крајот, Тун има недостижни 11 бодови повеќе од Сент Гален.

А, голем придонес во оваа титула има македонскиот напаѓач Елмин Растодер кој е прв стрелец на тимот.

Ова е првпат во историјата еден швајцарски тим да биде прво првак на втора, а веднаш наредната сезона да биде првак и на првата лига. Со освојувањето на титулата првак на Швајцарија, Тун си обезбеди место во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести