Алвес прв дојде во Барселона, а сега ќе извиси за играње во ЛЕ

Дани Алвес е најтрофејниот фудбалер во историјата дури со 43 пехари освоени во најразлични натпреварувања. Повеќе од половина од овие пехари, Алвес ги освои со Барселона, тимот во кој помина осум години (од 2008 до 2016 година). Бразилецот сега има 38 години, но кога од Барселона побараа тој да се врати на „Камп ноу“, Алвес воопшто не размислуваше и прифати повторно да го облече дресот на омилениот негов тим.

Ветеранот веќе одигра четири меча, но се чини дека Алвес нема да биде во составот на Барселона за натпреварите од Лигата на Европа. Според членот 46 од Правилникот на УЕФА, клубовите за плејоф елиминациите од европските натпреварувања може да пријават максимум тројца нови играчи.

Ако се знае дека Барселона освен Алвес, во јануари ги потпиша и Адама Траоре, Феран Торес и Пјер-Емерик Обамејанг, јасно е дека еден од новите играчи ќе мора да извиси и воопшто да не биде дел од мечевите во Лигата на Европа.

Се очекува тренерот Чави Ернандес да се одлучи на офанзивна варијанта и во тимот да ги вметне Траоре, Торес и Обамејанг, а Алвес да извиси. Барселона во нокаут-фазата од Лигата на Европа ќе игра против Наполи. Првиот меч се игра на 17 февруари на „Камп ноу“, а реваншот ќе биде во Неапол.

- Оглас -

Најнови вести