Алвес изненади со изборот на новиот клуб, ќе игра во Мексико

Дани Алвес реши да ја продолжи кариерата во Пумас, Мексико. Првпат на свои 39 години Бразилецот прави трансфер во Централна Америка oткако претходно месецов стана слободен играч и по вторпат ја напушти Барселона.

Алвес потпиша едногодишен договор кој ќе важи до јуни 2023 година. Со овој потек ветеранот нагласува дека сака редовна минутажа за да ја одржи натпреварувачката форма и да обезбеди место во селекцијата на Кариоките за Мундијалот во Катар.

Алвес е можеби најтрофејниот активен фудбалер во светот со 47 трофеи, од кои пет ги освои со националниот тим на Бразил, па шампионското реноме сега ќе се обиде да го пренесе меѓу Пумите.

- Оглас -

Најнови вести