Алвес на 38 години се враќа во репрезентацијата на Бразил

Дани Алвес во 2019 година со освоената титула на Копа Америка се прости од бразилската репрезентација, а кариерата на клупски план ја продолжи во родната земја каде уште игра на врвно ниво.Затоа селекторот Тите го повика 38-годишниот десен бек за квалификациските дуели за СП 2022 против Еквадор и Парагвај кои се предвидени за следниот месец.

По двегодишната пауза од интернационални обврски, Алвес одговори на повикот и доколку одигра важна улога за Кариоките во овие два меча, нема да биде изненадување доколку се најде на списокот играчи за следното издание на Копа Америка, во кое Бразил во групната фаза ќе се соочи со Венецуела, Перу и Колумбија.

„Алвес е во одлична форма и физичка подготвеност на највисоко ниво. Поседува големи лидерски способности и е важен за овој тим. Секогаш има место во селекцијата за фудбалер кој има многу придонесено за бразилскиот фудбал“, истакна селекторот Тите.

Алвес заедно со Тијаго Силва се најискусните играчи на списокот од 24 повикани репрезентативци.

- Оглас -

Најнови вести