Алвеш избега од париското лудило – На повидок враќање во Барса?

По завршувањето на Копа Америка, Дани Алвеш ќе нема многу време за одмор. Бразилскиот десен бек најави дека нема да ја продолжи кариерата во ПСЖ, што значи дека сега веќе е слободен играч и токму затоа по континенталниот собир во Јужна Америка ќе има задача да најде нов клуб.

Откако се дозна оваа информација, еден негов поранешен клуб веднаш се пушти во акција. Имено, Барселона воспоставила контакт со Алвеш околу евентуално враќање на „Камп ноу“, местото каде што Бразилецот го доживеа зенитот на својата кариера и освои бројни титули.

Тренерот Ернесто Валверде во него гледа како засилување за десната бековска позиција, за која изминативе неколку години се борат Нелсон Семедо и Серхи Роберто. Токму по напуштањето на каталонскиот гигант, Алвеш остави „дупка“ на таа позиција, а сега би можел да се врати бидејќи со своето искуство има што да понуди на шпанскиот првак.

Инаку, Алвеш во 2008 година првпат го облече дресот на Барса, а до 2016 година настапи на вкупно на 391 натпревари на кои запиша 21 погодок и импресивни 100 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести