Алвес: Сеедно што игра за Реал Мадрид, тој е играчиштеее! (Фото)

Бразилскиот десен бек Дани Алвес, кој настапува за Барселона, синоќа не го криеше своето воодушевување од Карим Бензема, иако овој негов коментар веројатно налути многу фанови на Барса.

Човекот кој има освоено најмногу трофеи во историјата на фудбалот, на „Инстраграм“ порача: „Сеедно ми е што игра за Реал Мадрид, каков играч е, каков играччччч Карим Бензема. Ја сакам оваа игра“, напиша Дани.

Бразилецот имаше интересен коментар и за брзиот Килијан Мбапе.

„Еден пријател и поранешен соиграч еднаш ми кажа дека фудбалер кој може да трча побрзо од 30 километри на час, треба да си ја смени професијата“.

- Оглас -

Најнови вести