Алжир го има Ријад Марез во ракометна верзија – Дауд воодушеви со жонглирање (Видео)

Хичем Дауд воодушеви со фудбалските вештини на загревањето пред мечот меѓу неговата репрезентација Алжир и Мароко во Магреб-дербито на ракометниот Мундијал во Египет.

Левото крило на Алжир покажа умешни фристајл фудбалски вештини, а потоа одигра солидно и на ракометниот терен и помогна Пустинските лисици да избегнат пораз, иако постојано губеа сè до 57-мата минута од Мароко.

Алжирците славеа, Дауд постигна два гола во победата од 24:23, а фудбалската кратка претстава што ја приреди пред мечот, неговите сонародници ја споредуваат со таа на најпознатиот алжирски фудбалер во моментов, Ријад Марез од Манчестер сити.

 

 

- Оглас -

Најнови вести