Ама ја „шлапна“ – Одбрана што ги разгоре надежите за шампионската круна во Франција (Видео)

Фантастичниот рефлекс и интересната интервенција на голманот Мајк Мењон ја спаси победата на Лил во Монпелје со 3:2 во последното коло во Франција за 2020 година и го продолжи сонот на колидерот во Лига 1 за четврта титула.

Во 97-мата минута, односно во последните секунди, Мењон реагираше инстинктивно и со рака ја испрати топката во пречката, а веднаш потоа судијата Турпан отсвири крај, што му донесе победа на Лил за делба на врвот на табелата со Лион.

Mike Maignan (Lille) last second save against Montpellier 90+6′ from soccer

И двете екипи ја завршија годината на врвот со по 33 бода, пред актуелниот првак ПСЖ со 32.

Продолжението на првенството ќе биде исклучително интересно, со три топ-фаворити за титулата и уште неколку екипи што се надеваат на подвиг, меѓу кои се: Рен, Марсеј и Монако.

 

 

- Оглас -

Најнови вести