Аматерите од Англија „збрлавеа“ кога ја видоа ждрепката во ФА купот (Видео)

Екипата на Чичестер сити се натпреварува во аматерската осма лига на Англија, а вечерва го очекуваше противникот во првото коло од ФА купот. Во квалификациите, Чичестер сити победи со 2:1 и се избори да биде дел од ждрепката во најстарото натпреварување во светот, ФА купот.

Фудбалерите на Чичестер сити заедно ја следеа ждрепката на која требаше да учествува и Бури, клуб кој непосредно пред ждрепката се откажа од натпреварувањето. Аматерите на Чичестер ја имаа таа среќа на ждрепката да го добијат Бури, а фактот дека тој клуб нема да игра, значи дека Чичестер автоматски ќе се пласира во второто коло.

За пласман во второто коло, секој клуб заработува 36.000 фунти. Неверојатна беше радоста на играчите кога дознаа дека веќе се во второто коло од ФА купот.

- Оглас -

Најнови вести