Американската тенисерка би се откажала од четири милијарди долари само за да победи на Вимблдон

Американската тенисерка Џесика Пегула, која е на четвртото место на ВТА-листата, денеска ќе игра во четвртфиналето на Вимблдон против Маркета Вондроушова од Чешка, а според квотите, ова треба да биде неизвесен дуел.

Четвртфинале е најдобар пласман за Пегула на еден гренслем-турнир, а таа не крие дека сон ѝ е да го освои пехарот на Вимблдон. Џесика е ќерка на Тери Пегула, американски бизнисмен и милијардер, чие богатство се проценува на четири милијарди долари. Овие пари ги има заработено во бизнис со природен гас и недвижности.

„Луѓето за мене велат дека имам пари, но тоа не се мои пари, туку на мојот татко, на моите родители. Моето семејство е познато во САД, но би било убаво да престанат да ме посочуваат како најбогатата тенисерка во светот. Мислам дека не е важно колку пари имаш. Би било одлично да победам на Вимблдон бидејќи тогаш ќе заработам уште повеќе пари. Мислам дека би се откажала од целото богатството само за да победам на Вимблдон“, изјави Пегула по победата во осминафиналето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести