Американски новинар ја малтретираше победничката на Вимблдон затоа што е родена во Москва

Елена Рибакина вчера стигна до најголемиот успех во кариерата откако триумфираше на женскиот дел од Гренд слем турнирот на Вимблдон. Рибаркина во финалето со 2:1 во сетови ја победи Онс Жабер, а кога требаше да слави и да добие пофалби од новинарите, беше непријатно изненадена.

На прес конференцијата по финалето, Рибакина се најде пред фронтален напад од неколку новинари поради фактот дека е родена во Русија. Најжесток во коментарите беше еден американски новинар кој постави прашање кое нема никаква врска со спортот.

„Вимблдон забрани учество на тенисери до Русија поради страв од рутинова пропаганда. Вие сте од Казахстан, но сте родени и израснавте во Русија. Дали ја осудувате војната и потезите на Путин?“, праша американскиот новинар.

Рибакина беше зачудена од ова прашање, погледна кон модераторката на прес конференцијата, но таа на реагираше.

„Извините не ве слушнав“, беше првата реакција на Рибакина, а потоа победничката на Вимблдон објасни „Извините, но мојот англиски јазик не е многу добар. Не го разбрав најдобро вториот дел од прашањето. Од моја гледна точка, можам да ви кажам дека го претставувам Казахстан. Не сум бирала каде ќе се родам. Луѓето веруваа во мене, ми даода поддршка, а и денеска ј почувствував таа поддршка, имаше казахстански знамиња на трибините. Не знам што друго да ви одговорам“, рече реакцијата на Рибакина.

Победничката на Вимблдон се расплака на прес конференцијата и тоа додека зборуваше за нејзините родители, кои не добија виза за да пристигнат во Англија, па успехот на својата ќерка мораа да го гледаат на телевизија, а не во ложата на трибините на престижниот турнир.

- Оглас -

Најнови вести