Американските таленти во НБА подобри од Остатокот на светот (Видео)

Кајл Кузма со 35 поени, шест скокови и пет асистенции го предводеше тимот на САД до победа од 161:144 против составот на Остатокот на светот и ја доби наградата за најкорисен играч на мечот.

Со таканаречениот Рајзинг старс челенџ почна Ол-стар викендот во Шарлот, а за старт имаше многу атрактивни потези на дуелот на големите НБА таленти.

Кузма најмногу се истакна, а Американците се реваншираа за ланскиот дебакл.

„Минатата година тимот на светот не растури со победа од 30 разлика. Многумина од нас играа и на тој меч и сакавме реванш. Патем има и убава награда од 25 илјади долари за победа“, изјави Кузма.

Одличен беше и Џејсон Тејтум од Бостон со 30 поени, Јанг од Атланта уфрли 25 поени, а по 20 прокнижија Дионован Мичел и Марвин Багли.

На спротивната страна Бен Симонс со 28 поени беше најефикасен, а Лаури Марканен забележа учинок од 21 поен.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=52&v=k4JhGSmreuU

Ол-стар викендот продолжува со Скилс челенџ, потоа и со натпреварите за 3 поени и во забивање, а крајот е со вообичаениот меч на Ол-стар ѕвездите од Источната и Западната конференција.

- Оглас -

Најнови вести