Американците доминацијата над Велс во првото полувреме ја крунисаа со голот на Веа (Видео)

Репрезентацијата на САД води со 1:0 по првото полувреме против Велс во рамките на групата Б.

Американците беа подобри во првиот дел, доминираа на теренот на стадионот „Ал Рајан“, имаа многу поголем посед на топката (65%-35%), имаа неколку добри шанси и не им дозволија на противничките фудбалери ниту еднаш да се заканат кон голот на Мет Тарнер.

Играчите на Велс, кои по пауза од 64 години се враќаат на Светските првенства, во првото полувреме се одлучија да играат позатворено и да им ја препуштат конторолата на топката на противничките играчи и таквиот дефанзивен пристап ги чинеше гол.

https://twitter.com/i/status/1594777319809421344

Единствениот гол го постигна Тимоти Веа во 36-тата минута, по одличната асистенција на Кристијан Пулишич, кој одлучно во празно го проигра стрелецот на голот.

Претходно фудбалерите на САД имаа шанса и преку Џошуа Сарџент, кој во 10-тата минута од пет метри ја погоди стативата на Вејн Хенеси.

- Оглас -

Најнови вести