Американците го нарекоа „фудбалскиот Леброн“, а тој ја грее клупата во Челзи и моли да си оди (ВИДЕО)

Кристијан Пулишиќ несомнено е најдобриот американски фудбалер во моментов.

Но играчот на Челзи е во немилост на Томас Тухел, којшто сè поретко му дава шанса на теренот, а на четири досегашни натпревари, колку што одигра тимот од Лондон, играчот од средината на теренот има вкупно 76 минути.

Според последните информации од Островот, Пулишиќ бара од раководството на Челзи да биде пратен на позајмица, каде што ќе може да игра стандардно или пак да биде продаден.

Пред неколку години, Американецот во една емисија беше наречен дека тој е „фудбалскиот Леброн Џејмс“, но за волја на вистината, тој е далеку од кошаркарската легенда.

- Оглас -

Најнови вести