Американците ја „напаѓаат“ Европа, дури 12-мина ќе играат во Лигата на шампионите

Рекорден број на американски фудбалери ќе играат во претстојното издание од Лигата на шампионите. Дури 12-мина фудбалери од САД има во екипите кои ќе учествуваат во најсилното клупско натпреварување на светот.

Во минатата сезона беа десетмина, Кристијан Пулишиќ стана вториот Американец по нашинецот Јован Кировски (беше член на Борусија Дортмунд во 1996/97) со освоена европска титула, а сега рекордот по број на учесници е подобрен за уште двајца.

Листата на Американци во ЛШ изгледа вака: Бренден Аронсон (Салцбург), Тајлер Адамс (Лајпциг), Џон Брукс (Волфсбург), Џовани Рејна (Борусија Дортмунд), Крис Ричардс (Баерн), Кристијан Пулишиќ (Челзи), Зек Стефен (Манчестер сити), Сержињо Дест (Барселона), Вестон Меккени (Јувентус), Овен Отасови (Бриж), Џордан Пифок (Јанг бојс) и Тимоти Веа (Лил).

- Оглас -

Најнови вести