Американците на сакаат тениски гренд-слем без публика

Организаторите на Отвореното тениско првенство на САД велат дека ќе сторат се последниот гренд-слем во сезоната, во Њујорк да се игра со присуство на публика.

Засега терминот е од 31. август до 13. септември, што е стаднарден период за врвен тенис на УС опен, но конечната одлука дали ќе се игра во тој термин ќе биде донесена во јуни.

„Играње без публика е неприкладно и за тенисерите и за симпатизерите на оваа игра. Го убива спортскиот дух и ние ќе се обидеме да сториме се да има полни трибини на тенискиот гренд-слем во Њујорк. Секако апсолутно приритет ние да ги заштитиме и играчите и луѓето што би присуствувале на мечевите, за да не дојде до зараза со Коронавирус. Се надеваме дека ќе создадеме максимално безбедни услови за нормален тениски гренд-слем во Њујорк“, изјави Мајк Доус, извршниот директор на американскиот тениски сојуз.

Тенискиот комплекс Флешинг Медоуз ги има најголемите тениски стадиони на светот и лани од трибините гренд-слемот го следеа рекордни 740 илјади луѓе.

- Оглас -

Најнови вести