Американците останаа без еден од главните играчи

Џејсон Тејтум, еден од предводниците на селекцијата на САД, ќе ги пропушти најмалку следните два меча на Мундобаскетот во Кина. Тејтум се повреди во последните секунди од продолжението на мечот против Турција.

Американците беа во негатива од еден поен, Тејтум тргна во напад, асистираше, а во мешаницата под кошот падна и се повреди.

https://youtu.be/5E9ZMo8J6sE

По направените прегледи, лекарите најавиле дека играчот ќе мора да го пропушти дуелот против Јапонија, но и еден меч од втората фаза. Сепак, Тејтум се очекува да биде подготвен за најважните предизвици и борбата за медали.

 

- Оглас -

Најнови вести