Американците повторно немаа среќа, против Англија го одиграа првиот натпревар без голови во 35-те меча на Мундијалите 

Селекциите на Англија и на САД одиграа без голови во дербито на второто коло во групата Б.
Иако Англичаните важеа за фаворит, посебно по убедливата победа од 6:2 над Иран во првото коло на СП во Катар, вечерва имаа среќа што топката не ја затресе мрежата на Пикфорд.

Американците пак, го одиграа првиот натпревар без голови во историјата на Светските првентсва, тие до вечерва имаа одиграно 34 меча на Мундијалите и сите завршија со постигнат гол.

Гордиот Албион беше решен да ја оправда фаворитската улога и ја имаше првата шанса на натпреварот, во 10-та минута преку Хари Кејн, но беше за малку непрецизен.

Потоа на сцена стапија Американците кои до крајот на првиот дел имаа две одлични шанси, првата во 32-та минута преку Кристијан Пулишиќ кој ја погоди пречката, а втората девет минути подоцна кога шутот на Сержињо Дест од десетина метри беше блокиран од дефанзивците на Англија.

Во второто полувреме и двете репрезентации имаа неколку шанси, но мрежите на Пикфорд и на Тарнер останаа недопрени, а последната ја имаше капитенот на Англија, Хари Кејн во последните моменти од средбата.

Англија е лидер на табелата со четири бода по две кола, додека САД има два бода и дуелот со Иран во последното коло најверојатно ќе го даде вториот патник во нокаут-фазата од групата Б.

- Оглас -

Најнови вести