Аморим уверува дека Манчестер јунајтед ќе оди на победа против Атлетик Билбао

Манчестер јунајтед ја игра најлошата сезона во Премиер лигата, но повторно може да ја заврши со трофеј, и тоа од европски рамки. Англискиот гигат вечерва на „Олд Трафорд“ ќе игра во реванш-мечот од полуфиналето во Лигата на Европа против Атлетик Билбао.

Црвените ѓаволи имаат убедлива предност од 3:0 од првиот меч во Билбао и чудо би било ако тимот на Рубен Аморим ја испушти оваа позитива. Тренерот на Манчестер вели дека неговата тактика ќе биде да се оди на победа и во реваншот.

„Многупати ги гледав првите 30 минути од натпреварот во Билбао, а остатокот го оставив затоа што не можеш да се подготвиш за натпревар гледајќи 11 против 10. Моето чувство е дека играчите на Атлетик беа навистина интензивни во првите 30 минути, имаа брзина, но повеќето од шансите што ги создадоа беа резултат на нашите грешки. Им ги покажавме на играчите овие ситуации и се обидовме да ги истакнеме проблемите на играчите. Ако го погледнете нашиот тим, не можете да кажете што ќе се случи во секој натпревар. Постојат тимови на секој турнир кои можат да контролираат што се случува, но ние сè уште не можеме да го направиме тоа. Мислам дека мора да постигнеме гол за да продолжиме и така ќе го прифатиме овој натпревар. Еден гол може да промени сè и што ќе се случи во натпреварот. Еден црвен картон исто така. Го видовме тоа пред една недела“, рече португалскиот стратег кој е на чело на Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести