Амрабат им се извинил на соиграчите што се обидел да изнуди трансфер во Барселона

Софијан Амрабат посакуваше во текот на вчерашниот ден да потпише за Барселона, но таа опција пропадна и Мароканецот мораше да остане во Фиорентина.

Виолетовите вечерва од 18 часот играат меч од Купот на Италија против Торино, а Амрабат дошол во хотел каде што тимот беше во карантин и им се извинил на сите што еден ден не тренираше бидејќи се обидуваше да го заврши трансферот во Барса.

Извинувањето било прифатено, па Амрабат се најде во комбинација за дуелот со Торино, иако не е меѓу стартерите.

Директорите на Фиорентина им се лути на Каталонците и на тренерот Чави кои вчера му се јавувале на Амрабат и го советувале да не тренира и така да го натера клубот да го испрати во Барса. Но, Барселона не сакала да го откупи Амрабат, туку го барала на позајмица со опција да биде купен во јули, а за отштета нуделе малку пари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести