Анчелоти барал две зимски засилувања, Перес кажал НЕ

Актуелниот европски и шпански шампион Реал Мадрид влезе во резултатска криза од која тренерот Карло Анчелоти излезот го барал во зимски засилувања, но претседателот на Кралевите, Флорентино Перес, не размислува идентично.

Кралевите минатата недела загубија од Вилјареал во Ла Лига (2:1), а вчера се поразени од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп (3:1), која го освои првиот трофеј под водство на тренерот Чави Ернандес.

Медиумите откриваат дека Анчелоти уште кон крајот на минатата година побарал од претседателот Флорентино Перес засилувања на две позиции, но првиот човек на Кралевите одлучил да биде тивок во зимскиот преоден рок.

Наводно, Анчелоти барал освежување во нападот, односно напаѓач кој би го одморил Карим Бензема.

Второто барање на Анчелоти било да се засилии одбраната, поточно десната бековска позиција бидејќи Дани Карвахал не може во ист ритам да игра цела сезона, додека Лукас Васкес е поофанзивен играч и не се снаоѓа најдобро во одбраната.

Но, Перес му порачал на својот тренер дека сега нема доволно квалитетни фудбалери на пазарот и дека ќе ја освежи екипата дури налето.

- Оглас -

Најнови вести