Анчелоти: Барселона имаше среќа, ако играме вака и во реваншот, тогаш ќе се пласираме во финалето

Фудбалерите на Барселона го победија Реал Мадрид со 1:0 во првиот полуфинален натпревар во шпанскиот Кралски куп, но тренерот на Кралевите е оптимист за исходот на реваншот.

Единствениот гол беше дело на дефанзивецот на Кралевите, Едер Милитао, кој во 26-тата минута ја затресе сопствената мрежа.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, смета дека неговите играчи не заслужија да загубат и е убеден дека приказната во реваншот ќе биде поинаква.

„Охрабрува начинот на којшто одигравме. Секако дека не сме задоволни од резултатот, но ако играме вака во реваншот, тогаш ќе се пласираме во финалето. Добро го започнавме натпреварот и добро го завршивме, а Барселона даде гол по наша грешка, по лошо додавање. Ова беше еден од нашите најдобри натпревари во однос на играњето пресинг и одбрана, а Барселона нема да брани вака пред своите гледачи. Треба само да го повториме она што го направивме, овој пристап и ќе победиме во реваншот“, изјави Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести