Анчелоти го сака напаѓачот од 100 милиони евра, но Перес не сака да плати толкава сума

Договорот помеѓу Хари Кејн и Тотенхем завршува следното лето, а клубот од Лондон по секоја цена сака да го продаде напаѓачот за да заработи бидејќи во спротивно тој следното лето ќе си замине без обесштетување.

Најголем интерес за неговите услуги има од Реал Мадрид бидејќи тренерот Карло Анчелоти инсистира тој да дојде на „Сантијаго Бернабеу“, посебно сега, откако Карим Бензема си замина. Сепак, проблем може да претставува високата цена бидејќи Тотенхем за Кејн бара 100 милиони евра.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, не е подготвен да издвои толкава сума за фудбалер кој има 29 години бидејќи можноста за идна заработка е многу мала.

Хари Кејн за Тотенхем има одиграно 435 натпревари, на кои постигнал 280 гола, но сè уште нема освоено ниту еден трофеј во својата кариера.

- Оглас -

Најнови вести