[do_widget id=custom_html-5]

Анчелоти: Јас сум човек создаден за рекорди

Карло Анчелоти стана првиот тренер во историјата на фудбалот кој што има четири освоени титули како тренер во Лигата на шампионите. Италијанскиот стратег покажа дека сè уште не е за фрлање откако го водеше Реал до ново искачување на европскиот трон.

„Што да кажам, јас сум човек создаден за рекорди. Имавме неверојатна сезона која што знаевме како да ја крунисаме во финалето. Успеавме да победиме и да поминеме екстремно тешки натпревари и сметам дека заслужено дојдовме до титулата“ изјави Анчелоти.

Италијанецот во Реал дојде откако минатата сезона го раскина договорот со Евертон, додека во својата кариера четирите тренерски трофеи ги освои со Милан и Реал Мадрид.

 

 

- Оглас -

Најнови вести