Анчелоти ќе му ја најде вистинската позиција на Елмас

Се одбројуваат последните денови, а можеби и часови на Елиф Елмас како член на турскиот Фенербахче. Македонскиот интернационалец наскоро треба да потпише договор со италијанскиот Наполи, клуб чиј тренер е трофејниот стручњак Карло Анчелоти.

Од трансферот на Елмас, Фенер планира да заработи 20 милиони евра со сите бонуси. Елмас би потпишал на пет години и би имал годишна плата од 1 милион евра.

Елмас вчера пристигна во Истанбул, кажа дека не знае за никаков трансфер и веднаш почна да тренира со екипата на Фенербхче. Но, низ италијанските и турските медиуми, Елмас постојано го селат во Наполи и се тврди дека работата е при крај.

Винченцо Морабито, менаџерот на ФИФА, кажа дека Елмас ќе игра за Наполи и дека е сигурен дека Анчелоти ќе му ја најде вистинската позиција на Елиф, на која „дијамантот“ би бил најкорисен.

„Фенербахче не успеа да му ја најде вистинската позиција на Елмас. Сигурен сум дека Анчелоти ќе знае како да му го искористи потенцијалот. Елмас е природен деснак, многу почесто ја користи десната нога и може да игра на секоја позиција во средниот ред. Има техника и може многу да напредува“, вели Морабито.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести