Анчелоти откри кои две работи се најголем проблем во фудбалот

Реал Мадрид одигра една сезона во која не успеа да ги одбрани титулите во шпанското првенство и Лигата на шампионите, но тренерот Карло Анчелоти е оптимист дека следната сезона ќе биде многу поуспешна. Искусниот италијански стратег ги потенцираше двете работи кои ги прават најголемите проблеми во фудбалот, а тоа се расизмот и пренатрупаниот распоред на натпревари.

„Расизмот е најголем проблем. Не можам да прифатам дека стадионите стануваат непријателско место, не можам да ја прифатам оваа омраза поради бојата на кожата, поради религијата, поради етничката припадност на играчите или тренерите. Во текот на четирите години поминати во Англија не се сеќавам на ниту еден таков испад, а во Шпанија тоа се случува“, вели Анчелоти.

Тренерот на Реал Мадрид потенцираше дека неверојатно тешко станува темпото на играње во една сезона.

„Мојата екипа ја заврши сезоната со 73 одиграни натпревари. Од 30 септември до 12 март игравме без престан, освен една недела. Не може вака да се продолжи. УЕФА започнува нова Лига на шампиони со повеќе клубови, ФИФА прави Светско првенство со повеќе репрезентации, во лигите се промовираат финале на Суперкуп со четири екипи. Сите мора меѓусебно да се договорат, во спротивно ќе биде загрозено здравјето на фудбалерите“, потенцира Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести