Анчелоти потврди дека не комуницира со Азар и објасни зошто Белгиецот не игра

Белгискиот фудбалер Еден Азар вчера изјави дека не разговара со неговиот тренер во Реал Мадрид, Карло Анчелоти, но дека има почит кон италијанскиот стручњак.

На денешната прес-конференција, Анчелоти потврди дека слабо комуницира со Азар, а објасни и зошто Еден е закован на клупата за резерви и речиси никогаш не влегува во игра.

„Ми се допаѓа искреноста на Азар. Точно е дека слабо комуницираме, но тоа е работа на карактерот, не дека сме скарани. Рекол и дека ме почитува, и тоа е најважно. И јас го почитувам. Тој ретко игра затоа што конкуренцијата на негова позиција е многу силна, на тоа место имаме играч кој е во многу подобра форма, тоа е Винисиус“, објасни Анчелоти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести