Анчелоти се сретна со новиот играч на Реал Мадрид, но тешко дека ќе му биде тренер

Најталентираниот бразилски фудбалер во моментов, Ендрик, кој игра за Палмеирас, потпиша договор со Реал Мадрид, но на Кралскиот клуб ќе му се приклучи во летото 2024 година, откако ќе стане полнолетен.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, се сретна со Ендрик, направија заедничка фотографија, а италијанскиот стручњак можеби нема ни да има прилика да работи со младиот напаѓач бидејќи прашање е дали ќе остане на клупата на најтрофејниот европски клуб до летото 2024 година.

Анчелоти најавуваше дека по Реал Мадрид, ќе се пензионира, но се зборува дека има понуда да биде селектор на Бразил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести