Анчелоти шокираше: Со Гатузо имам личен проблем за кој не сакам да зборувам!

Реал Мадрид и Валенсија утревечер во Саудиска Арабија го играат првото полуфинале од Суперкупот на Шпанија, а тренери на екипите се Италијанците Карло Анчелоти и Џенаро Гатузо, кои со Милан заедно освоија две титули во Лигата на шампионите.

Но, Анчелоти, кој му беше тренер на Гатузо, денеска откри дека не е во добри односи со својот некогаш близок пријател.

„Со Гатузо имавме некои прекрасни моменти во Милано, но сега односот не ни е добар, имавме некои проблеми во минатото, не би сакал да зборувам за тоа, тоа се лични работи“, рече Анчелоти.

Се шпекулира дека проблемот е што Гатузо прифати да биде тренер на Наполи веднаш откако клубот се раздели со Анчелоти.

Гатузо откако дозна за изјавата на Анчелоти, не долеа масло на огнот и рече дека за Карло има само почит и дека за него тој е најдобриот тренер на светот.

- Оглас -

Најнови вести