Анчелоти со порака: Реал Мадрид секогаш оди на титула во ЛШ

Актуелниот европски првак Реал Мадрид сака да го задржи перфектниот биланс во Лигата на шампионите и по утрешниот дуел против Шахтар на „Сантијаго Бернабеу“. Кралскиот клуб со триумф над Шахтар ќе биде на чекор од обезбедување место во нокаут-фазата, а тренерот на Кралевите, Карло Анчелоти, открива дека одбрана на тронот е главен приоритет на мадридскиот гигант.

„Пред нас е нов важен меч. Сакаме да имаме девет бода по три кола. Добро сме подготвени и сакаме да одиграме подобро од тоа што го покажавме на дуелот со Осасуна. Шахтар е опасен ривал и ние го почитуваме. Сепак, Реал Мадрид е тим кој секогаш сака да ја освои Лигата на шампионите. Првенството е важно, но Лигата на шампионите е најважниот турнир во фудбалот“, рече Анчелоти, кој додаде дека во екипата се враќаат Модриќ и Васкес, а ќе ги нема Куртоа и Себалјос.

- Оглас -

Најнови вести