Анчелоти со шега за утката на Модриќ: Среќа што списокот на Хрватска за СП веќе е даден! (Видео)

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, по победата од 2-1 над Кадис, имал што да му каже на Лука Модриќ за утката во 78-мата минута при резултат 2-0.

Ако погодеше Модриќ, а мораше да погоди, Реал ќе си ја обезбедеше победата. Вака Кралскиот клуб неколку минути подоцна прими гол и си ги искомплицира работите, во финишот Кадис имаше убава шанса и за 2-2.

„Лука не ни сфати што направи, беше малку како изгубен. Му реков дека е добро што Хрватска веќе го даде списокот за Катар, па нема да има проблем поради оваа утка“, изјави Анчелоти и ги насмеа новинарите на прес-конференцијата.

- Оглас -

Најнови вести