Анчелоти: „Тоа што ми го кажа претседателот не можам да го споделам со вас“

Реал Мадрид доживеа вистински дебакл на гостувањето кај Манчестер сити и загуби со високи 4-0 во ренаш-полуфиналето од Лигата на шампионите. Тренерот на Кралскиот клуб вели дека треба да се извлече поука од овој пораз.

„Ќе размислам за следната сезона, треба да учиме од овој пораз и да најдеме начин како да бидеме подобри. Минатата година успеавме да го елиминираме Сити и да се пласираме во финалето. Оваа година тие беа на ред. Сити беше многу подобар. Сепак, да дојдеш до полуфиналето на Лигата на шампионите е успех. Никој не се сомнева во мене. Претседателот беше јасен пред 15 дена. Тоа што ми го кажа насамо, не можам да го споделам со вас. Следната сезона ќе бидам тука и повторно ќе се бориме за титулата во Лигата на шампионите. Ова беше добра сезона“, изјави Карло Анчелоти по поразот од Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести