Анчелоти во Евертон ќе донесе ѕвезда од Реал Мадрид?

Карло Анчелоти како да го прероди Евертон. По доаѓањето на италијанскиот стратег, Карамелите победија на двата меча, а навивачите се задоволни од играта на своите милници. Анчелоти веднаш ја подигна атмосферата во тимот, а сега е во обид да донесе едно големо засилување.

Како прва цел на Анчелоти е да го привлече играчот за врска на Реал Мадрид, Џејмс Родригес. Колумбискиот репрезентативец нема сигурно место во првиот тим на Кралевите, па Евертон ќе се обиде да го доведе, а Џејмс да има сигурно место меѓу стартерите. Последен пат во дресот на Реал беше стартер во октомври, на дуелот против Мајорка.

Се најавува дека англискиот тим е подготвен да понуди 45 милиони евра за реализација на овој трансфер, а останува да се види дали Реал Мадрид ќе се согласи да го продаде овој играч.

 

- Оглас -

Најнови вести