Анчелоти згрме: Не е во ред ова што ни го прават!

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е многу лут на челниците на шпанското првенство затоа што го направија распоредот така да Кралскиот клуб мора да игра нов меч и тоа помалку од 72 часа откако играа против Валенсија. Според распоредот, Реал утре ќе гостува кај Мајорка, а дуелот ќе се игра во 14 часот.

На дуелот против Валенсија се повредија Карим Бензема и Едер Милитао и тие двајца нема да играат, но сепак ќе патуваат со тимот на Светското клупско првенство.

„Милитао и Бензема нема да бидат во составот, но ќе патуваат на Светско клупско првенство. Не сме задоволни. Не е во ред да играме помалку од 72 часа од нашиот последен дуел. Не е во ред да играме во 14 часот, но тоа е“, рече Анчелоти кој додаде дека не планира да прави ротации во составот.

„Ќе играат оние за кои сметам дека се најдобри. Нема да има ротација на дуелот против Мајорка. Се надевам дека ќе победиме, без разлика дали Модриќ или Крос ќе бидат на теренот. Сакаме во добро расположение да одиме на СП“, додаде Анчелоти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести