Андерлехт сигурно ќе плати казна, но дали дербито ќе се доигра?

Вчерашното дерби во белгиската лига меѓу Стандард Лиеж и Андерлехт не ја дочека 90-тата минута, односно конечниот исход. Главниот арбитар Ерик Ламбрехс ја прекина средбата по точно 30 минути при резултат од 2-0 во корист на домаќините. По неколку кратки прекини одлучено е мечот воопшто да не се доигра поради дивеењето на навивачите на Андерлехт, па сега се очекува казна за eкипата од Брисел.

Андерлехт сигурно ќе плати парична казна од 50.000 евра поради немилите сцени кои беа во режија на нивните навивачи, но се очекува да има и поригорозна казна од страна на дисциплинската комисија. Можно сценарио е овој меч да биде запишан како службен пораз на Андерлехт од 5-0, бидејќи нивните навивачи се одговорни за прекинот. Исто така може да се најде начин да се доигра дербито пред празни трибини.

Конечна одлука нема да се донесе пред вторник, а во зависност од истата, раководството на Андерлехт ќе може да поднесе жалба, иако е повеќе од јасно дека во овој случај оштетен е Стандард.

- Оглас -

Најнови вести