Андора го постигна најубавиот гол во историјата на Лигата на нации (Видео)

Лигата на нации е натпреварување кое започна да се игра во 2018 година во Европа и досега се видени многу убави погодоци, но ниту еден не бил толку спектакуларен како голот што синоќа беше постигнат на мечот Андора – Лихтенштајн.

Во најслабиот Д сегмент, Андора на свој терен победи со 2:1, а погодокот кој вреди да се види е постигнат во 82 минута. Топката беше покрај аут линијата и ја помина половината на Андора, кога натрча десниот бек на домаќините, Хесус Рубио и силно ја шутна. На изненадување на голманот на Лихтенштајн, Бенџамин Бухел кој брани во швајцарскиот второлигаш Вадуз, топката леташе директно под пречката.

Иако Бухел се обиде да ја одбрани, не успеа и Андора успеа да го постигне најубавиот погодок откако постои Лигата на нации.

- Оглас -

Најнови вести