Андора покажа како не треба да се постави офсајд замка (Видео)

Летонија ја победи Андора со 3-0 во меч од Лига Д на Лигата на нации, а вториот гол беше интересен, бидејќи гостите се обидоа да направат нешто, но не им успеа.

Летонците изведуваа слободен удар, а целата андорска одбрана тргна напред, со цел да ги остави во офсајд позиција противничките играчи. Но, иако четворица навистина беа во офсајд, стрелецот на голот Робертс Улдрикис, не беше, затоа што еден играч на Андора задоцни со извлекување.

Истата „финта“ ја имаат направено и во минатото, но не беа казнети. Овојпат немаа среќа и примија гол. Еве како изгледаше неуспешната стапица по која на Улдрикис не му беше тешко да постигне гол:

- Оглас -

Најнови вести