Андора во Молдавија си најде нова Македонија (Видео)

Триумфот на Андора против Молдавија од 1-0 е историски за фудбалот во малата држава на Пиринеите, затоа што за првпат добија еден натпревар од квалификации за Европско првенство. Пред ова загубија 56 натпревари по ред.

Андора до вечерва имаше 56 порази на 56 меча, но со голот на Марк Валес конечно го разбија малерот. Ова беше нивен прв гол во овие квалификации, и веднаш лапнаа три бода. Не е дека Андора немала победи, во 2004 година ја шокираа Македонија, преклани истото го направија и со Унгарија, но тоа беа дуели од квалификации за Светско првенство. Во квалификации за ЕП, оваа победа вечерва им е прва после 21 години во кои играат и знаеја само за порази.

Андора има само вкупно седум победи на пријателски и официјални мечеви.

Ова е голот на Марк Валес, вреден многу повеќе од само три бода:

https://www.youtube.com/watch?v=zMqBnytTwgQ

 

- Оглас -

Најнови вести