Андре Драмонд е на пивска диета!

Центарот на Детроит пистонс, Андре Драмонд, реши да ја промени својата исхрана и сега користи „пивска диета“. Овој човек висок 211 сантиметри и тежок 127 килограми, сака да биуде уште подобар, па неодамна го исфрли црвеното месо од исхраната, па сега претежно се храни со риби и зеленчук.

Сепак, на еден од најтешките момци во НБА лигата после Бобан Марјановиќ и сега дебитантот Зион Вилијансон, му треба голема колилина на калории и затоа тој секој ден пие по едно пиво, што е невообичаено за врвен спортист и не е препорачливо од лекарите.

„Ако пиеш колку што треба, воопшто не пречи“ – вели 25-годишниот Драмонд на кого омилени пива му се „Корона“ и „Милер лајт“.

- Оглас -

Најнови вести