Шкупи се раздели со најдобриот стрелец Ангелов, си заминаа уште четворица фудбалери

Фудбалскиот клуб Шкупи објави дека се раздели со петмина играчи, меѓу нив и стандардниот член на првата постава Виктор Ангелов.

Членот на златната генерација македонски младинци што играше на Европското првенство во Полска пред две години уште претходно најави дека нема да продолжи во Шкупи, а сега му се приклучија уште четворица фудбалери.

Зелено светло да си заминат добија и Билали, Абдул, Тандина и Браџи. Шкупи обезбеди настап во квалификациите за Лигата на Лигата, а најдобар стрелец во походот кон настап во второто по ранг европско натпреварување им беше токму Ангелов со 7 погодоци.

Шкупи најави и засилувања пред почетокот на квалификациите за пласман во Лигата на Европа, а наскоро ќе биде познато и кои играчи ќе пристигнат на „Чаир“.

ФОТО: fcshkupi.com

- Оглас -

Најнови вести