Ангеловски: Фудбалерите секогаш се подготвени да го дадат последниот атом од силите за Македонија

Македонската фудбалска репрезентација ги стартуваше подготовките за Европското првенство кое за две недели стартува во повеќе држави во Европа. Нашата репрезентација за прв пат ќе биде дел од континенталната елита, а селекторот Игор Ангеловски вели дека подготовките ќе се одработат во ист систем како што се работело досега.

Стартот од подготовките започнаа со лоша вест дека Енис Барди е позитивен на Коронавирусот и тој е во изолација. Ангеловски верува дека Барди брзо ќе го добие посакуваниот негативен тест и ќе може навреме да се приклучи за историскиот настап.

„Сакам да испратам порака до Енис дека сите од репрезентацијата го очекуваме и посакуваме што е можно побрзо да го добие негативниот тест, за да се приклучи на екипата. Се надевам дека ова ќе биде единствената лоша вест на овие подготовки. Без разлика што се работи за подготовки за ЕП, пристапот треба да е ист. Како што беше досега, така ќе се подготвуваме и за ова ЕП. Секогаш кога доаѓаат на собир за репрезентацијата се подготовени да го остават и последниот атом од нивните сили“, вели Анеловски по првиот одработен тренинг.

 

- Оглас -

Најнови вести