Им се скисели на Карамелите – Евертон ќе плати 300.000 фунти за мајската офанзива на навивачите (Фото)

Фудбалската асоцијација на Англија, ФА, му изрече висока казна на Евертон од 300.000 фунти за двојната инвазија на теренот што ја приредија навивачите на дуелот со Кристал палас на 19 мај.

Мечот беше драматичен и Евертон од 0:2 стигна до победа од 3:2, со што си обезбеди опстанок во Премиер лигата, но триумфот ќе чини скапо поради мајската офанзива на навивачите.

На тој меч имаше уште еден голем инцидент, а тренерот на гостите, Патрик Виера, изнервиран од инвазијата на симпатизерите на Евертон, шутна еден од нив на теренот.

Потоа имаше истрага, но навивачот одлучи да не преземе никаква правна акција против познатиот поранешен фудбалски ас, сега тренер на Кристал палас.

 

- Оглас -

Најнови вести