Англичаните лесно ја суредија Летонија, БиХ славеше против Кипар (Видео)

Фудбалската репрезентација на Англија ја оствари втората победа во квалификациите за СП 2026 откако на домашен терен ја совладаа Летонија со 3-0. Рис Џејмс постигна убав погодок во 38-мата минута, а Хари Кејн зголеми на 2-0 во 68-мата минута. Третиот гол беше дело на Еберечи Езе за убедлив триумф на „Вембли“.

Босна и Херцеговина славеше против Кипар со 2-1. Демировиќ и Хајрадиновиќ беа стрелци на головите за БиХ, а Јоанис Питас стрелаше за Кипар.

Албанија беше убедлива против Андора и победи со 3-0, а Романија му даде пет гола (1-5) на Сан Марино на гости. Полска ја победи Малта со 2-0, а Литванија и Финска одиграа 2-2.

- Оглас -

Најнови вести