Англичаните планираат однапред, во следната сезона првакот може да се прогласи после 19 кола

Англичаните планираат однапред и што би било ако би било, па ако пандемијата ја прекине и следната сезона, и пола сезона ќе биде доволна за прогласување на шампион во Англија. Ова е предлог кој ќе им биде претставен на клубовите, и тоа не само премиерлигашките, туку и на сите клубови кои се натпреваруваат во професионални лиги.

Сезоната 2019/2020 се доигра со пробивање на сите рокови, откако беше прекината во март, а за да не се случи нешто слично, на клубовите ќе им биде претставен пакет „кризни“ предлози, а еден од предлозите е дека ако мора да се прекине сезоната и нема услови за продолжување на лигата, после 50 отсто одиграни мечеви сите резултати ќе бидат легитимни и конечни.

Ако се усвоеше ваков предлог пред стартот на минатата сезона, тогаш Англичаните на 13-ти март ќе можеа да прогласат конечна табела, бидејќи беа одиграни 29 кола, што е многу повеќе од половина (19). Во случај сезомата да не се доиграше, Ливерпул ќе беше првак, во ЛШ ќе играа уште Манчестер сити, Лестер и Челзи, а ќе испаднеа Борнмут, Астон Вила и Норвич. Вакво нешто со задоволство ќе го прифатеа во Лестер и Вотфорд.

- Оглас -

Најнови вести