Англичаните потпишуваат петиција за укинување на ВАР

По серијата сомнителни одлуки донесени со помош на видеотехнологијата, во Англија започна иницијатива која е за укинување на ВАР-системот во фудбалот.

Фановите се надеваат дека со онлајн петицијата ќе покажат дека се против актуелниот начин на примена на ВАР-системот. На неколку стадиони во Англија веќе се слуша и скандирања „Ова веќе не е фудбал“ и „Е*и се ВАР“.

Легендата на англискиот фудбал, Гери Линекер на својот тивтер-профил започна и гласање за тоа дали е потребен ВАР-системот или не, а засега над 70 отсто се за тоа дека се против употребата на видеотехнологијата во фудбалот.

https://twitter.com/GaryLineker/status/1211358602159624193

 

- Оглас -

Најнови вести