Англичаните предвидуваат дека Манчестер сити и Ливерпул ќе ги добијат најтешките можни противници на ждрепката

Денеска од 12 часот треба да се одржи ждрепката за осминафиналните двојки во Лигата на шампионите, а дел од англиските медиуми предвидуваат дека двата најдобри тима од минатата сезона, Манчестер сити и Ливерпул, ќе ги добијат најтешките можни противници.

Медиумите во Англија извршија симулација на ждрепката која ќе има две ограничувања, нема да може да играат меѓу себе екипи од иста земја и тие што играле заедно во групната фаза, па на Манчестер сити му се падна најтешкиот можен ривал од групата на неносители, тоа е ПСЖ.

Ливерпул пак според симулираната ждрепка, во осминафиналето би требало да игра против Баерн Минхен, кој е единствениот тим во ЛШ што имаше максимални шест победи во групната фаза, а за ривали ги имаше гигантите Барселона и Интер.

Според симулацијата, би требало да има уште една англиско-германска пресметка бидејќи компјутерот предвиде дека меѓу себе ќе играат Борусија Дортмунд и Челзи.
Актуелниот европски шампион би требало да игра против Милан.

Компјутерска симулација на ждрепката за осминафиналето:
ПСЖ – Манчестер сити
Милан – Реал Мадрид
Ливерпул – Баерн Минхен
Борусија Дортмунд – Челзи
Бриж – Бенфика
Лајпциг – Наполи
Интер – Тотенхем
Ајнтрахт – Порто

За 30-тина минути ќе дознаеме дали компјутерот добро ги предвидел двојките за осминафиналето.

- Оглас -

Најнови вести